Руска спортистка се онесвести за време на настапот на Олимписките игри

230

Руската спортистка во стреличарство Светлана Гомбоева, се онесвести во текот на квалификацискиот круг на Олимписките игри во Токио.

Русинката загуби свест, па докторите и организаторите мораа веднаш да реагираат. Набрзо дошла при свест, со помош на колегите од репрезентацијата го напуштила теренот.

„Не можела да поднесе цел ден да биде надвор во такво жешко време. Ова прв пат се случува во натпреварите во стреличарство. Трениравме во Владивосток, каде што условите се слични, но во Токио влагата е многу поголема“, рече тренерот Станислав Попов.

ПретходноГолден Арт се засили со Миланов, Дрпљанин и Ацев
СледноПретседателот Пендаровски го одликуваше Живко Мукаетов со Орден за заслуги