Сабаленка се огласи: Срцето ми е скршено!

1422

Белорусинаката Арина Сабаленка (25), втората тенисерка во светот, за првпат проговори по ненадејната смрт на Константин Колцов (43). Колцов беше белоруски хокеар кој беше со Сабаленко две и пол години. Тие ја прекинале врската непосредно пред неговата смрт, објави The Telegraph.

“Смртта на Константин е незамислива трагедија. Иако повеќе не бевме заедно, моето срце е скршено. Ве молам почитувајте ја мојата и приватноста на неговото семејство во овој тежок момент”, напишала Сабаленка на Инстаграм.

Сабаленка оваа недела ќе игра на турнирот во Мајами, иако се очекуваше нејзино повлекување од турнирот. Последните информации на Tennis Channel велат дека Сабаленка нема да одржува конференции или да дава изјави за медиумите. Инаку, Белорусинката која во кариерата освои 14 титули и од турнирот заработи речиси 23 милиони долари, важи за една од психички најстабилните тенисерки во светот.

ПретходноКонте го одбил Баерн, чека повик од Јувентус
СледноВориорс му ја скроија судбината на Мемфис, Дурент го прескокна Шекил, дербито за Бостон (ВИДЕО)