МЗТ беше пред победа, но ја испушти во финишот

296

Екипата на МЗТ Скопје доживеа пораз 85-90 од Златибор во мечот од последниот турнир во АБА 2 лигата во Широки Бријег. „Штрковите“ можат да жалат затоа што имаа предност до последната четвртина, а таму му дозволија на противникот да изедначи и да го одведе мечот во продолженија и на крајот да победи.

„Штрковите“ имаа добри први две четвртини од мечот во кои имаа игра и поентерски беа подобри па предноста изнесуваше 42-32. Солидно играа и во третиот период во кој гостите беа подобри но нашиот тим повторно имаше солидна предност 60:53.

Третата четвртина беше катастрофална за „штрковите“ затоа што постигнаа само 12 поени, а Златибор го имаше Џукановиќ кој реализираше 13 поени од вкупно 19 на својот тим. Српската екипа имаше и предност од +3 но со тројка на Дамјан Стојановски МЗТ изедначи и мечот отиде во продолжение (72-72).

А таму српскиот прволигаш беше подобар и на крајот победи со пет разлика 85-90.
Кај МЗТ најдобри беа Гилион со 25 поени, а Делалиќ постигна 21. Д.Стојановски и Танасковиќ имаа по 14.
Кај Златибор незапирлив беше Џукановиќ кој реализираше 33 поени.

Standings provided by Sofascore
ПретходноРеми во Анталија: Молдавците со супер голот на Дамашчан ни ја “украдоа“ победата! (ФОТО)
СледноФудбалер – крал на дрогата осуден на 13 години затвор