Барса го сака Феликс на позајмица и следната сезона, Атлетико бара каде да го продаде

645

Барселона не сака да го купи Жоао Феликс, туку ќе се обиде уште една сезона да го добие на позајмица. Како што објави каталонскиот весник „Спорт“, Атлетико (М) сака да го продаде играчот од средниот ред или во Барселона или на клуб од Саудиска Арабија. Сепак, втората опција не му одговара на самиот фудбалер, а Каталонците не се подготвени да ги платат бараните 65 милиони евра.

Актуелниот шпански шампион се надева дека повторно ќе го позајми Португалецот со опција за откуп за максимални 30 милиони евра. Во исто време, Барселона не брза да преземе ништо, бидејќи е уверена дека времето работи за неа.

ПретходноГолден Арт го изненади Пролет во Купот на Македонија
СледноАвстралиското ГП викендов со 19, место со 20 болиди на стартниот грид