Ракометарите на Алкалоид се последниот патник на завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија. Во последното финале од групната фаза, вечерва ракометарите на Алкалоид славеа во скопското дерби против екипата на Бутел со 23:20.
Ракометарите на Бутел одиграа одлично прво полувреме и имаа предност од 11:9. Алкалоид се созема на стартот на вториот дел кога успеа во рвите десетина минути да дојде и до предност (14:15). До крајот на мечот Алкалоид ја задржа предноста и успеа да дојде до планираното место на Ф4 турнирот.
Серафимов со 9 гола беше најефикасен кај екипата на Алкалоид.