Како што е познато СП во 2030 година ќе се одржи во шест земји, во Уругвај, Аргентина, Парагвај, Португалија, Шпанија и Мароко. За таа цел токму во Мароко, како што велат информациите од таа земја, ќе се гради еден од најголемите стадиони во светот, кој ќе биде со капацитет од 115.000 места.
Локацијата е градот Мансоури, кој се наоѓа на 40 км од Казабланка. Рокот на градење е четири години и би требало да биде готов до 2028 година, значи две години пред стартот на Мундијалот.