Филип Лам: Франција ја гледам како освојувач на претстојното ЕП

112

Шефот на организацискиот комитет на ЕП во Германија, Филип Лам изјави дека француската репрезентација е најголемиот фаворит за титулата европски фудбалски шампион. Во интервју за „Франс прес“, Лам на прашањето кого гледа како освојувач на ЕП, одговори: „Франција, едноставно, затоа што има 40 играчи, од кои многу од нив големи таленти. Има балансиран тим и лесно можат да направат промена, да стават играчи од клупата кои би направиле разлика. Она што е одлучувачко е да се претстават како екипа на теренот“, изјави Лам.
Германскиот репрезентативец ја пофали победата на Германија над Франција во Лион со 2:0 пред неколку денови.
Јулијан Нагелсман пронајде јасна формација, има централни дефанзивци, неговите бекови се динамични и плус неколку млади играчи. Тоа ни дава самодоверба.Исто така е важно националниот тим да игра добро и стаствено. Исто така е важно се да се поклопи во исто време, сите делчиња да се наместат. Тоа ни се случи во 2014 година, сите ги знаеја своите улоги и својот квалитет го подредија на тимската игра“, рече Лам мислејќи на трофејот од СП 2014.

ПретходноДеклан Рајс вечерва за првпат со капитенската лента кај „Гордиот Албион“
СледноМинатата сезона во Англија најмногу забрани за присуство на стадионите добиле навивачи на Манчестер Ј.!