Во недела во меч од Премиерлигата во битка за врвот на табелата се среќаваат Манчестер Сити и Арсенал. Меч кој може да покаже многу работи. Јасно е дека Сити е во улога на фаворит, но да не се заборави дека Арсенал во последно време игра фантастично.
Микел Артета, во пресрет на неделниот дуел, денеска на прес покрај другото го испофали ривалот, а посебно Пеп Гвардиола, на кого до пред некоја година му беше помошник:
“Манчестер Сити во моментов е најдобриот тим во светот, додека Пеп Гвардиола е најдобриот тренер во светот. Мојот восхит кон него не престанува. Уживав да работам со него, двајцата сакаме да победуваме. Во однос на самиот натпревар нема што многу да се говори. Знаеме против кого играме, знаеме дека на теренот треба да го покажеме најдоброто од себе“ посочи стратегот на Арсенал.