Во последниот меч од претпоследното коло во Втората фаза од домашниот одбојкарски шампионат, Струмица славеше на гостувањето кај Работнички со 3:1. Струмичани ја продолжија низата од 20 победи, без пораз сезонава, но Работнички со оној еден освоен сет против фаворитот, најави дека сериозно се подготвува за стартот на плеј-оф разигрувањето.
Според моменталната слика во очи на последната рунда викендов, Струмица во полфиналето на плеј-офот ќе се сретне со Универзитет во Тетово, додека битка за финале ќе видат победникот на Купот, Штип УДГ и екипата на Работнички 71&22.
Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип 3:0 (25:9, 25:12, 25:22)
Лирија – Штип УГД 0:3 (29:31, 18:25, 17:25)
Работнички 71&22 – Струмица 47&72 1:3 (21:25, 21:25, 25:18, 15:28)
ТАБЕЛА ПЛЕЈ-ОФ: 1. СТРУМИЦА (60); 2. Работнички 71&22 (43); 3. Штип УДГ (41); 4. Универзитет во Тетово (38); 5. Лирија (29); 6. Весна Пробиштип (21).