ПМФЛ: Во битката за Скопје на Чаир ќе “гори“…доаѓа Вардар, Тиквеш го дочекува Силекс

360

 

По двонеделна пауза овој викенд продолжува шампионатот во ПМФЛ со мечевите од 25.коло. Кога играат Шкупи и Вардар тогаш јасно е кој меч е дерби на колото. Па така во битката за Скопје, денеска од 15 часот на Чаир ќе гори. Шкупи и Вардар по 26 пат ќе ги одмерат силите, овие две екипи имаат далеку повеќе натпревари одиграно, тука мислиме кога Шкупи беше Слога Ј. Но за мечевите за Шкупи и Вардар традицијата вели дека на тие 25 средби Шкупи има само шест победи и тоа три на последните три меча. Вардар има 11 победи а 8 средби завршиле без победник.

Но тоа е друга приказна, сега на ред е меч кој е екстра важност за двете екипи. Секое губење на бодови ќе значи и одалечување од битката за титулата, ова е за Шкупи. Тим кој што на последните пет средби има само една победа и четири ремија.

На Чаир секогаш “гори“ кога доаѓа Вардар, тоа е дуел кој носи нешто повеќе од фудбал, посебно за фановите на “Шверцерите“, секако тоа се фановите на Шкупи. За нив Вардар е архи ривал, и најважно е да се победи Вардар, ништо повеќе и ништо помалку.

Нека биде ова дерби за уживање.

Во вториот меч денеска од ова 25.коло, Тиквеш на свој терен го дочекува Силекс. Екипи кои не се загрозени, мислиме на опстанокот, ова е меч четвртиот и третиот на табелата. Секако дека се очекува во Кавадарци да се одигра квалитетен меч.

Останатите средби од ова 25.коло се закажани за утре во 15 часот.

ДВОЈКИ ЗА 25.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Шкупи – Вардар

Тиквеш – Силекс

НЕДЕЛА, 15 Ч

Брера – Работнички

Струга ТЛ – Воска

Шкендија – Брегалница

Гостивар – Македонија ЃП

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 51, Шкупи 48, Шкендија 45, Силекс 35, Тиквеш 32, Гостивар 32, Брера 27, Работнички 27, Воска 27, Вардар 26, Брегалница 22, Македонија ЃП 21…бодови

ПретходноБугарска ренесанса – Димитров во финалето на Мајами!
СледноДоказите на СПОРТРАДАР се страшни, МВР ќе удри по местачите