Лудо судиско продолжение во Брентфорд – Јунајтед поведе во 96. минута, но домаќините освоија бод

609

Немаше голови во регуларните 90 минути па во судиското продолжение паднаа два, за на крајот реми меѓу Брентфорд и Манчестер Јунајтед во меч од 30 коло на Премиер лигата. Во 97 минута погоди Мејсон Маунт и Јунајтед поведе со 1:0 (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ). Се чинеше дека бодовите ќе заминат во Манчестер, следуваше напад на Брентфорд и изедначување. Кристофер Ајер се најде на вистинското место и ја смести топката во голот на „црвените ѓаволи“ (ГОЛОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ).
Брентфорд продолжува со мечеви без победа, па серијата сега изнесува седум натпревари. Во нив освои само два бода, против Јунајтед и против Челзи. Го држат 15-тото место на табелата со 27 бодови.
А Манчестер Јунајтед го запиша третото реми сезонава и е на шестото место на табелата со 48 бодови.

ПретходноФеникс подобар од ТФТ, Чаир убедлив против Охрид
СледноБарса се измачи но ги освои бодовите против Лас Палмас