Реал Мадрид направи нов чекор напред кон титулата шампион на Шпанија. „Кралевите“ забележаа важна победа и се одвоија на врвот на табелата. Во 30 коло славеа над Атлетик Билбао со 2:0 и тоа на свој терен. Билбао важи за незгоден противник, но вечерва немаше сили да изненади на „Бернабеу“.
Во осмата минута Диаз му асистира на Родриго кој погоди за 1:0 (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК). Во 49 минута Брахим Диаз место голот ја погоди стативата. Три минути подоцна Атлетик имаше шанса, но шутот на Ињаки Вилијамс го одбрани Лунин.
Во 73 минута се беше готово. Џуд Белингем му асистира на Родриго кој со својот втор гол на мечот го постави конечниот резултат (ГОЛОТ НА ОВОЈ ЛИНК). Пет минути подоцна Муниаин можеше да го одведе мечот во поинтересна завршница, но Лунин не го дозволи тоа.
По овој меч Реал е прв со 75 бодови, осум повеќе од Барселона и десет повеќе од Џирона. Билбао е четврти со 56 бодови.
Во идното коло, Реал и гостува на Мајорка, а Атлетик Билбао на свој терен ќе го пречека Виљареал.