Кога твојот тим ќе слави на гости кај Гостивар, тим кој што 6,5 месеци нема пораз, и кога тоа ќе го направи со 1:4, секако дека нема дилема дека си тренер на колото. А тоа според „СпортСпорт“ е Бобан Грнчаров, стратегот на Македонија ЃП.
Тактички одлични беа “лавовите“, победија со 1:4, играа полетно, знаеја што прават и затоа Грнчаров е тренер на ова 25.коло.
Со оваа победа “лавовите“ побегнаа од последното место на табелатаи со оваа победа сега си зголемуваат шансите за опстанок. Има уште многу да се игра.