Манчестер Сити минатата сезона освои тројна круна, ги освои трофеите во ЛШ, во ПЛ и ФА купот. Токму овој подвиг на четата на Пеп Гвардиола беше повод да се направи документарец, кој ќе биде емитуван на Нетфликс, за се она што се случувало во таа 2022/23 сезона.
Има од се по малку, но сепак најинтересно е кога на тимот на му оди добро, а тие моменти беа ретки, и кога Пеп ќе збесне а соблекувалната се “тресе“.
Па така по елиминацијата во Лига купот, Пеп имаше и тоа како што да им каже на своите играчи:
„Искрено, дали мислите дека ова е нормално што направивме на овој натпревар? За навивачите кои патуваат, кои немаат пари дома да платат греење, а доаѓаат тука да ве бодрат. И ние вака играме, вие вака им враќате. Мислите дека тоа е нормално?!“ е една од критиките на Пеп кон играчите на Сити.