Рома ги претстави специјалните дресови кои фудбалерите ќе ги носат на римското дерби против Лацио во следното коло од Серија А.
Ова е четвртиот дрес во кој ќе игра „волчицата“ оваа сезона, а она што е интересно е дизајнот. Дресот за претстојното „Дерби де ла Капитале“ е изработен во ретро дизајн, со јака која долги години ги красеше дресовите на Рома од времето на нивната икона, Франческо Тоти.
A tribute to #ASRoma history.
Introducing the @OfficialASRoma Origins Jersey, a journey back in time with the ‘Traditional Crest’ and classic collar.
Learn more: https://t.co/yIsxghsKxL pic.twitter.com/e4C8P67JuK
— The Friedkin Group (@friedkingroup) April 2, 2024