Воска Спорт води со 2:0 по првото полувреме од првиот полуфинален меч од Купот на Македонија кој се игра во Охрид. Најдобар поединец по првите 45 минути беше играчот на Воска, Георгиев. Тој му асистираше на Бајрами за голот за водство во 38 минута, а две минути подоцна и самиот ја погоди мрежата на „лавовите“ за поубедливо водство.
Македонија ЃП ќе мора да се ориентира напаѓачки во второто полувреме.
Дома Фудбал Куп на Македонија Полувреме Куп на Македонија: Блесок на Георгиев, Воска води 2:0 против Македонија...