Грчкото дерби ќе го судат Македонци: Ставрев на “центарот“ во Солун!

1893

Она што го прави ХНЛ од поодамна го прави и ФС на Грција. Во оваа земја од порано некои важни мечеви во тамошниот шампионат ги судат странци. Па така и во недела, на мечот меѓу Арис и Панатинаикос во Солун, правдата ќе ја делат македонски судии. Главен ќе биде Александар Ставрев, додека негови помошници ќе бидат Гоце Петрески и Дејан Костадинов.

Ова е плод на соработката на ФФМ и нејзината Судиска организација и ФС на Грција.

Треба да се потсетиме дека пред извесно време истата судиска тројка веќе судеше на мечеви во шампионатот на Грција.

ПретходноЦената е 100 милиони евра: Два гиганти од Премиерлигата во трка по Родриго!
СледноРоналдо му се потсмева на Манчестер Јунајтед! (ФОТО)