ВТА потврди: Следните три години Ријад домаќин на финалниот турнир

93

Женската тениска асоцијација (ВТА) објави дека Саудиска Арабија ќе биде домаќин на следните три изданија на финалните турнири во женска конкуреција. Одлуката доаѓа по многу шпекулации и критики од некои од најголемите спортски имиња.

Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, ќе биде домаќин на финалето на оваа сезона од 2 до 9 ноември, во кое ќе настапат осум тенисерки во сингл и тимови во двојки.

„Ријад, Саудиска Арабија, ќе биде домаќин на следните три изданија на финалето на ВТА од 2024 до 2026 година“, објави ВТА на X.

Лгендарните тенисерки Крис Еверт и Мартина Навратилова остро ја критикуваа одлуката за одржување на финалето на ВТА во Саудиска Арабија.

„Вредностите на ВТА се во целосна спротивност со оние на предложениот домаќин“, велат Еверт и Навратилова.

ПретходноАстон Вила водеше со 2:0, па на крај се спасуваше од пораз, Њукасл со победа кај Фулам!
СледноХаос во Севилја во пресрет на вечерашното финале на “Купот на кралот“! (ВИДЕО)