Иако го одигра само второто полувреме, нашиот репрезентативец Сефер Емини и дефинитивно покажа дека без него не се може во таборот на Сондерјиске. Играчот за врска во 59.минута стрелаше за 2:0 за Сондерјиске во меч од Втората лига на Данска против составот на Хобро во меч од 24.коло.
На овој меч стартер за Сондерјиске настапи и Иван Николов, вториот наш репрезентативец.
Тимот на нашите репрезентативци има голема шанса оваа сезона да ја заврши на место кое води во елитната лига на Данска.