Французинот Филс стана најмладиот тенисер кој победил на меч во Монте Карло

205

Артур Филс стана најмладиот Французин кој забележал победа на Мастерсот во Монте Карло 1000 по Ришар Гаске во 2005 година, откако синоќа со 6-0, 6-2 славеше против Јаник Ханфман и обезбеди пласман во 2. коло.

19-годишниот тенисер одигра еден од своите најдобри натпревари во сезоната и ја воодушеви француската публика на своето деби во Кнежеството. Гаске се уште е рекордер во Монте Карло затоа што победи кога имаше само 18 години и тоа на меч против Рожер Федерер.

Филс, моментално рангиран на 36-то место во светот, а се претстави добро на земјена подлога минатата сезона, освојувајќи ја својата прва титула на турниот во Лион.

ПретходноКонектикат ја одбрани титулата во НЦАА лигата
СледноРоналдо доби црвен картон, збесна, па сакаше да го удри судијата (ВИДЕО)