Новак го збриша Сафиулин и се пласира во 1/8 финалето во Монте Карло!

149

Новак Ѓоковиќ одигра перфектен меч во 1/16 финалето на турнирот во Монте Карло и успеа со максимални 2:0 во сетови да го совлада Русинот Роман Сафиулин и со тоа да си обезбеди пласман во следната фаза, поточно во осминафиналето.Image

Србинот и најдобриот тенисер во светот првиот сет го доби со 6:1 во гемови, додека во вториот беше подобар за 6:2.

Едноставно Новак – експрес.

Ова беше првиот меч на Новак без Горан Иванишевиќ како тренер, ова е нова ера за него ако се знае дека во неговиот бокс беше Ненад Зимоњиќ, неговиот голем пријател и привремен тренер.

ПретходноАлкараз се повлече од Монте Карло!
СледноСаудијците си направија список: Модриќ, Де Брујне, Каземиро, Лукаку, Салах и Сон се нивните желби!