Во меч од 8.коло во плеј – офот во нашата елитна ракометна лига, попладнево Тиквеш како гостин успеа да слави против домашниот состав на Струга со 22:29.
Се чини дека ова беше рутински триумф, ако се знае дека кавадарчани кога требаше малку “притиснаа“ во второто полувреме и дојдоа до петтата победа во плеј – офот. Со овие бодови составот на стратегот Раде Стојановиќ сега се наоѓа на 5.место со 16 бодови и сеуште имаат шанси да влезат меѓу четирите најдобри екипи.
Најефикасни кај победничкиот тим беа Лазов и Мајиќ со по 5 погодици, додека кај домашните се истакна Тренчевски исто така со пет голови.