Лапорта: Не би менувал ниту еден мој играч за играч на ПСЖ!

125

Претседателот на Барселона Жoан Лапорта пред дуелот со францускиот шампион ПСЖ вечерва, вели дека не би разменил ниту еден од своите играчи за играч на ПСЖ.

„Гледам дека нашите играчи се многу концентрирани, многу мотивирани, многу обединети. Ја разбираат важноста на овие четвртфиналиња, разбираат што ќе значи за клубот пласманот во полуфиналето. Гледам дека навистина се многу обединети. Гледам и дека тренерот е многу убеден во нашите можности. Играчите веруваат во себе, веруваат во тимот и тоа не тера да веруваме во нив. Верувам во моите играчи. Јас сум еден од оние кои не би замениле ниту еден од нашите играчи за ниту еден противнички“, изјави Жоан Лапорта за клупската ТВ на Барса.

ПретходноЖенското одбојкарско финале тргнува в недела, машкото во вторник
СледноСо Ливерпул освојуваше трофеи, откако престана да игра фудбал станал зависник од кокаин!