Куманово и Прилеп уште чекор поблиску до опстанокот

93

Ракометарите на Куманово и Прилеп остварија многу важни победи во битката за опстанок во домашниот ракометен шампионат.

Во 8. коло од плеј-аут зоната, очекувано Прилеп доминираше на дуелот со Скопје и замина како победник од главниот град со 32:21, но многу понеизвесно беше на дуелот во Неготино, каде екипата на Куманово успеа да се избори за победа од 34:30.

Во победата на Прилеп одлично издание имаше Рајатоски кој заврши со 8 гола, додека во победата на Куманово најефикасен беше Костов со 11 гола.

Со оваа победа Прилеп останува израмнет на првите две места на табелата со Е. Пелистер 2 кои носат сигурен опстанок во Суперлигата, додека Куманово е на првото „црвено“ место зад овие два тима, но со само еден бод помалку.

ПретходноРаботнички се намачи, но и вторпат го победи Феникс 2010 (ФОТО)
СледноПелистер ја искористи домашната предност и поведе со 2-0 против Еуро Никел