Шоу на Јокиќ пред стартот на мечот: Навивачите се смееја, кошаркарите се чудеа (ВИДЕО)

9474

Најдобриот играч во НБА покажа дека покрај спектаклот на теренот, може да понуди и шоу и пред почетокот на мечот.

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ повторно беше најжешкиот играч на НБА мечот на кој настапи во дербито на Западната конференција. Денвер ја совлада Минесота (116:107), а центарот од Сомбор одигра еден од најдобрите натпревари во сезоната. Постигна 41 поен, имаше 11 скока и седум асистенции и приреди шоу на теренот.

Кога на почетокот на натпреварот застана на средината на теренот да се бори за топката против францускиот центар Руди Гобер, Јокиќ приреди спектакл. Дури пет пати скокна пред судијата да ја фрли топката – соиграчите и противниците останаа во шок, а навивачите во салата и покрај телевизорот се смееја на потезите на центарот кој по трет пат ќе ја добие наградата МВП во лигашки дел од сезоната на крајот од сезоната. Погледнете како тоа изгледаше:

 

ПретходноНе помогна ниту Меси: Интер Мајами елиминиран од КОНКАКАФ Лигата на шампиони
СледноУште еден Македонец ќе го облече дресот на Ваљадолид