Атанасов: Ништо од ова немаше да се случи без поддршката од трибините

184

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Васко Атанасов, разбирливо беше пресреќен по синоќешната убедлива победа над Широки (85-69) во првиот четврт-финален плејоф меч од АБА2, која му носи голема шанса на македонскиот првак за место меѓу четирите најдобри екипи.

Но, работата не е завршена бидејќи има и реванш следната среда во БиХ, за што е свесен и нашиот стратег, кој ја „спушта топката“ и најавува смирување на еуфоријата сѐ додека не биде остварена конечната цел.

„Задоволен сум од играта, особено во второто полувреме во кое дојдовме до посакуваната разлика дури и без Ејасу Ворку (играше само четири минути) и Бојан Крстевски, кои беа повредени. Ништо од ова немаше да се случи без фанатичната поддршка од трибините, на што им се заблагодарувам на нашите навивачи. Предноста веќе ништо не ни значи, бидејќи за реваншот ќе се подготвуваме како да почнуваме од 0-0. Верувам во своите момци и мислам дека можеме да продолжиме во ваков ритам, секако со претходно одработување на задачата во македонското првенство“, изјави Атанасов.

МЗТ Скопје пред вториот меч против Широки ќе игра против Гостивар и тоа в сабота (13 април) на домашен терен од 18 часот во вториот дуел од четврт-финалето од плејофот во Македонија, во кој води со 1-0.

ПретходноЧави: Покажавме дека сме живи, горд сум на овој тим!
СледноСкандал во Лигата на шампионите: Коментаторот ја навреди ѕвездата на Барса, играчите одбија да дадат изјави