Ерик тен Хаг веќе бил информиран дека следната сезона нема да биде менаџер на Манчестер Јунајтед, пишува таблоидот „САН“. Според изданието, нема сила која може да му го спаси работното место.
Англискиот таблоид пишува дека новиот сопственик на „Олд Трафорд“, Сер Џим Ретклиф, веќе разговарал со Греам Потер и поранешниот менаџер на Челзи изразил подготвеност да ги преземе „црвените ѓаволи“.
Јунајтед речиси сигурно нема да биде во Лигата на шампионите следната година. Тимот на Тен Хаг е на шестото место и 11 бода зад четвртопласираниот Тотенхем и петтопласираната Астон Вила.