(У18) Одбојкарките загубија од Србија во првиот меч од квалификациите за ЕП

159

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 18 години загуби на првиот меч од втората рунда во квалификациите за пласман на ЕП 2024. На квалификацискиот турнир од групата „Б“ во Врњачка Бања, Србија, избраничките на селекторот Александар Митев во три сета беа поразени од домаќинот Србија.

(У18) СРБИЈА – МАКЕДОНИЈА       3:0 (25-17, 25-15, 25-16)

Иако поразот беше убедлив, сепак, нашите млади девојки покажаа дека не случајно  се дел од вториот квалификациски круг. Одиграа сосема коректно во сите три сета, каде им дадоа голем отпор на фаворитките. Одлично издание имавме во првиот сет кога бевме во егал скоро до средината на сетот, по што Србија се одлепи и го освои истиот со 25:17.

Нешто послабо издание имавме во вториот сет кога Србија дојде до лесни 25:15, а во третиот сет иако во финишот влеговме со мала негатива, дозволивме во финишот Србија да направи серија со која повторно не остави на 16 освоени поени.

Со седум реализирани поени Ивана Милева беше најдобра поентерка во нашиот тим, каде Петровска реализираше 4, а Милевска 3 поени.

Македонија утре од 16.30 часот во второто коло ќе се сретне со Холандија, која денеска во првиот меч во пет сета со 3:2 ја совлада Чешка.

ПретходноКЛ: Фенер се спаси од дебакл, реми во Плзен
СледноЦ. Звезда се изрезили во Истанбул, Партизан остана без плеј-ин