По големиот пораз: Сцени кои „Енфилд“ не памети!

753

Фудбалерите на Аталанта синоќа остварија огромна победа на гостувањето кај Ливерпул. Тимот од Италија победи со 3:0 на „Енфилд“ и со тоа направи одличен резултат пред реваншот.

Тоа беше еден од најлошите натпревари на фудбалерите на Ливерпул откако тренер на овој клуб беше Јирген Клоп, а навивачите на овој клуб беа особено незадоволни од она што го гледаа.

По одличната партија која ја одиграа фудбалерите на Аталанта, никој од нив не можеше да очекува што ќе се случи на крајот од натпреварот.

Како што пренесуваат англиските медиуми, навивачите на Ливерпул, оние кои останале на стадионот до крајот на натпреварот им аплаудирале играчите на Аталанта.

Аплаузот за противничките играчи не е нешто што често го гледате насекаде во светот, вклучително и на „Енфилд“, но најдобро покажува како италијанскиот тим го одигра овој натпревар.

Голем број навивачи на Ливерпул предвреме го напуштиле натпреварот. Некои излегле на полувремето, но многу поголем број тоа го сториле кога нивниот тим го прими третиот гол.

Ливерпул сега има многу тешка задача пред себе следната недела, а тоа секако е да ја надмине негативата од три гола на гостувањето кај Аталанта.

ПретходноВан Дајк: Се тргна наопаку, им се извинувам на навивачите
СледноЃоковиќ одговори за провокациите: Ако ти се случи нешто лошо – брани се!