Ѓоковиќ одговори за провокациите: Ако ти се случи нешто лошо – брани се!

238

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло победувајќи го Лоренс Мусети (7:5, 6:3), но можеби резултатот на крајот не покажува колку Италијанецот беше опасен. Ова особено се однесува на почетокот на мечот кога Мусети ја имаше предноста на паузата, но сепак беше прашање кога Ноле ќе „префрли“ во следната брзина.

Српскиот тенисер по победата се осврна и на судирот со публиката. Како што се испостави, движечка сила беше толпата, која почна да го исвиркува Ѓоковиќ, тоа го налути, почна да се смее и да побара од публиката уште повеќе да го прави тоа. Ноле заигра подобар тенис, а потоа им ја посвети победата.

По мечот, новинарот кој претходно го испровоцира со прашање за италијанските тенисери, сега на прес-конференција изјави дека сме го виделе „милион пати“, па се поправи и омекна дека барем „Ѓоковиќ го направил истото илјада пати, а после тоа победиле 999 пати“.

„Да, добро го опишавте, енергијата ја претворам во нешто што е конструктивно за мене. Не барам проблеми со публиката, не барам да ме исвиркуваат, затоа реагирам. Тоа не е мојот менталитет. Но, ако реагираат онака како што мислам дека не заслужувам и не е фер ќе им одговорам. Јас пораснав со таков менталитет, ако ти се случи нешто лошо – брани се“, кажа Ѓоковиќ. 

ПретходноПо големиот пораз: Сцени кои „Енфилд“ не памети!
СледноВардар 1961 гостин на Пролет, домаќинот порача: Нема да се предадеме без борба