Шефилд Јунајтед идната сезона ќе ја стартува со минус поени

558

Шефилд Јунајтед, кој од идната сезона ќе се натпреварува во Чемпионшип дивизијата, ќе биде казнет со одземање на бодови поради прекршување на финансиските регулативи.
Поточно Шефилд ќе стартува со минус два бодови во новата сезона, а уште два ќе му бидат одземени во текот на истата сезона, соопштија од прес-сервисот на англиската Чемпионшип дивизија.
Санкцијата се однесува на сезоната 2022/23, поради тоа што клубот не ги исплатил долговите кон другите клубови. Рокот за исплата на овие заостанати долгови надмина 550 денови.
Инаку оваа сезона Шефилд Јунајтед по 31 коло има 16 бодови и е последен во Премиер лигата и повторно ќе се врати во вториот по ранг фудбалско натпреварување во Англија.

ПретходноСудиска анализа: Драстично оштетен Работнички, оштетена и Брегалница, немало пенал за Вардар!
СледноВасил Рингов ќе промовира ШУТБАЛ во Македонија!