Легендарниот Сол Кембел (49), некогаш големата ѕвезда на светскиот фудбал, член на Тотенхем и Арсенал, незаменлив во дефанзивата на репрезентацијата на Англија, ќе биде гостин на неделното дерби меѓу Работнички – Вардар, кое се игра на Арената во Скопје.
Инаку Кембел викендов доаѓа во работна посета на фирмата “Талнетс“ која се занимава со анализа на фудбалски видео податоци со помош на вештачка интелегенција.
Станува збор за швајцарско – македонски SportsTech стартап а самиот Кембел е заштитно лице на оваа компанија.
Па така Кембел ќе го искористи своето присуство во Скопје да го проследи во живо и големото дерби на мак – фудбалот меѓу Работнички и Вардар.