Фудбалерите на Барселона ќе носат дресови со логото на колумбиската пејачка Калор Џи за време на „Ел Класико“ дуелот со Реал Мадрид следната недела, објави шпанскиот клуб.
Барса веќе го носеше логото на Ролинг Стоунс и уметници како Дрејк и Росалија за време на претходните дербија. Ова е дел од договорот на клубот со платформата за стриминг на музика
„Овој пат тоа е Колумбијката Калор Џи, која е најслушаната латино уметничка во светот на Spotify во последните четири години“, објавија од Барселона.
Логото кое е во форма на срце прво ќе се појави на дресовите на женскиот тим кој го игра саботниот натпревар против Виљареал, а на 21 април фудбалерите на Барселона ќе го носат на дербито на Сантијаго Бернабеу.