Традиционалниот и со години присутниот фудбалски турнир Вуко Каров во Кавадарци денеска е на програмата. Со учесници како домаќинот Тиквеш, Вардар и Победа Прилеп.
Како што е и вообичаено кога е во прашање Вуко Каров, турнирот ќе се игра по италијански систем, секој со секого по едно полувреме.
Свечено отварање на турнирот е закажано за во 16:30 часот,а почетокот на натпреварите во 17:00 часот.