Тенисерките го победија Израел во битката за 4.место!

493

Македонија – Израел 2:0 е резултатот во битката за 4.место во втората Евроафриканска зона во БЏГ Купот.

Прво Магдалена Стоилковска извојува победа од 2:0 во сетови против Бучник, во гемови беше 6:2 и 6:4.

За да потоа нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа со максимални 2:0 и 6:0, 6:0 во гемови просто ја збриша Алтори за конечна победа на Македонија.

ПретходноЗа „Златен гонг 2024“ пријавени се боксери од 20 земји! (ФОТО)
СледноСП 2024: Македонија во група со Ангола, Исланд и САД!