Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше најдобриот поединец на паркетот на големото дерби меѓу УНИКС и ЦСКА во рамките на ВТБ лигата. УНИКС славеше со 88:78.
Димитријевиќ постигна дури 40 поени за 35 минути на паркетот, а имаше фантастични седум тројки од девет обиди. Притоа запиша и девет асистенции!
Покрај Нено, Рејнолдс придонесе со 22 поени.
Кај ЦСКА предводена од македонскиот стратег Емил Рајковиќ се истакна Мело Тримбле со 21 поен.
УНИКС е лидер со скор од 26 победи и 10 порази, а воедно ја прекина серијата од три порази. ЦСКА е трета со скор 25-11.