Енис Барди е на добар пат да направи трансфер ова лето. Италијанските Милан и Торино се во трката за потписот на македонскиот репрезентативец, а Леванте објави за колку пари ќе го продаде Македонецот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Леванте од Торино ќе бара 15 милиони евра за услугите на Барди.
Леванте има и мала финансиска криза, па од тука овие 15 добро ќе им дојдат доколку се решат да го дадат Македонецот во Италија.