Последниот меч за Феникс 2010 оваа сезона, по поразот вчера од Работнички, значеше и крај за Бојан Трајковски. Ветеранот кој играше се до својата 37 година и кој вчера за последен пат беше меѓу обрачите како активен кошаркар.
Трајковски и дефинитовно се впиша во нашата кошаркарска историја како еден од најдобрите кошаркари во изминатгите две децении. Последен клуб му беше Феникс 2010 кој искрено и со подароци му се заблагодари на Бојан за неговите игри за нив.
Инаку Трајковски покрај тоа што беше и репрезентативец на Македонија играше и за екипите на Балкан Стил, Работнички, МЗТ Скопје, Фени, Торус, Лирија, Куманово, Карпош Соколи, Гостивар, Кожув и Пелистер.
Имаше и интернационална кариера во клубови во Полска, Косово и Унгарија. Во Македонија петпати беше државен првак, освои и шест пехари во Купот на Македонија.