Скопската класика или 76. Соседско дерби меѓу Работнички и Вардар заврши со победа на тимот од Дебар Маало со 2:0. Реален резултат, ако се знае дека тимот на Горан Станиќ беше подобар, посебно во второто полувреме кога Вардар тотално падна.
Тодоровски и Мазари му донесоа три златни бода на Работнички.
Уште еднаш убава атмосфера на Градски, околу 5.000 – 6.000 гледачи, “Комити“ уште еднаш во елемент, но победата е за Работнички.
Сега откако се одиграа сите шест средби од 27.коло, еве како изгледа табелата.
ТАБЕЛА
Струга ТЛ 55, Шкупи 54, Шкендија 52, Силекс 37, Тиквеш 36, Гостивар 36, Брера 33, Работнички 31, Вардар 29, Воска 28, Брегалница 26, Македонија ЃП 25…бодови