Алекснадар Трајковски постигна гол, но тоа не беше доволно Хајдук да ја прекине црната низа во хрватскиот фудбалски шампионат. И четвртипат едноподруго, сплитските бели беа поразени во домашниот шампионат, со што од фаворит за титулата, сега на шест кола пред крајот на сезоната ќе стравуваат и за место во Европа.
Хајдук денеска загуби на домашен терен од екипата на Осијек со 2:1, а Трајковски кој мечот го почна во стартниот тим успеа да го израмни резултатот на 1:1 со гол во 28. минута. За нашиот репрезентативец ова беше само втор гол во дресот на Хајдук во хрватскиот шампионат оваа сезона.
Hajduk Split [1] – 1 Osijek – Aleksandar Trajkovski 28′
byu/50lipa insoccer