Начевски и Николов ќе го судат дербито на ОИ меѓу Норвешка и Шпанија

226

Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, најдобрите ракометни судии, ќе судат и во второто коло на машкиот ракометен турнир на ОИ во Токио.

Нив им е доделена значајна улога, односно ќе ја делат правдата на дербито меѓу Шпанија и Норвешка.

Начевски и Николов судеа и во првото коло, а веројатно ќе судат и во понатамошниот дел на турнирот, се до завршницата. Тие во првото коло ја делеа правдата на дуелот меѓу Египет и Португалија.

Натпреварот Шпанија и Норвешка се игра утре во 9:15 часот.

 

ПретходноТирана му посака добродојде на Тотре
СледноНајголемата лузерка на ОИ: Ги омоважувала другите, славела злато, а потоа сфатила дека е втора