“Баварците“ се спремаат за одмазда: Ќе “грабнат“ најмалку тројца играчи на Леверкузен!

2625

Секако дека тешко им падна на сите во Баерн Минхен прекинување на доминацијата како хегемон во Бундеслигата. По нешто повеќе од една деценија “баварците“ не се прваци на Германија, од вчера тоа е Баер Леверкузен.

Но не мина еден ден се говори дека “баварците“ се спремаат за одмазда. Имено најмалку тројца од шампионскиот тим на Леверкузен имаат намера по секоја цена да ги доведат во Минхен.

Најмал проблем ќе биде со Јосип Станишиќ, кој мора да се врати во Баерн ако се знае дека оваа сезона на “Бај Арената“ беше на позајмица,.

Флоријан Вирц е цел бр.1 во летниот преоден рок, се шпекулира дека Баерн Минхен е подготвен да понуди и 120 милиони евра за фантастичниот млад напаѓач на Леверкузен. Инаку за него заинтересирани се и Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити.

И третиот е Холанѓанцот Џереми Фримпонг кој исто така имаше фантастична сезона во дресот на “фармацевтите“.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 27.КОЛО: Красниќи ја “разбуди“ Шкендија
СледноКоментар на 27.коло: Вакво дерби му треба на Скопје….