Конечно Шкендија покажа зошто е кандидат за титулата, конечно момците на стратегот Јетон Беќири покажаа дека знаат и тоа како да играат добар фудбал. Вчера во Тетово домашната Шкендија со 6:1 го растури Силекс, а Ендрит Красниќи беше централна фигура. Постигна два гола и беше иницијатор на голем број акции пред голот на кратовци.
Нема што, Красниќи ја “разбуди“ Шкендија.
Покрај него во тимот на ова 27.коло се и неговиот соиграч Цаке, потоа Алчевски и М. Ѓорѓиевски (Брера), Рашид и Тодоровски (Работнички), Илиески и Трапановски (Шкупи), Потук и Кехинде (Гостивар) и Селмани (Брегалница).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ЕНДРИТ КРАСНИЌИ
Тим: Шкендија
Роден: 26.10.1994 во Косово
Кариера: Приштина, Дрита, Шкендија