Лука Дончиќ е најмладиот број еден стрелец во последните 12 години во НБА-лига

236

Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ ја доби наградата за најдобар стрелец во НБА во сезоната 2023/24, објавено е на официјалната веб-страница на натпреварувањето.

Словенецот игра феноменална сезона и токму затоа е во потесниот круг за МВП признанието.

Дончиќ имаше просек од 33,9 поени по натпревар, најмногу во НБА. Тој шутираше 48,7 отсто од поле, 38,2 отсто од три и 78,6 отсто од линијата за слободни фрлања.

Дончиќ со 25 години е најмладиот добитник на оваа награда по Кевин Дурент во сезоната 2011/12.

Далас Маверикс заврши на петтото место на Западот и во првото коло од плеј-офот ќе игра против Лос Анџелес Клиперс.

ПретходноСудии за Куп: Грујоски “главен“ во Кавадарци, Трпчевски во Ѓорче!
СледноИ Макрон дигна раце, сега се моли Реал да го ослободи Мбапе за Олимпијадата