ПСЖ синоќа на реваншот кај Барса успеа да слави со 1:4 и со тоа да се пласира во полуфиналето во ЛШ. Килијан Мбапе со два гола однови беше во центарот на вниманието.
Постигна два гола, не смее да се заборави и настапот на Усман Дембеле кој како да имаше дополнителен мотив против својот некогашен клуб.
По мечот стратегот на ПСЖ, Луис Енрике истакна:
“Мислам дека мечот го почнавме одлично. На Барса не и дозволивме да се приближи кон нашиот гол, но една индивидуална акција на Јамал и донесе водство. Одигравме комплетно добар натпревар. Судењето нема да го коментирам. Останувањето на Мбапе? Чекаме сите господинот Мбапе да се огласи околу неговото останување во ПСЖ. Потоа сите страни ќе го дадат своето мислење, јас морам да бидм мирен додека сите не го кажат своето“ посочи Енрике за таа неизбежма тема околу Мбапе.
ФОТО: PSG FB