Победникот на оваа средба, добро го отвори мечот, поведе со 4-0, но унгарските ракометарки веднаш израмнина на 4-4. Квалитетот на Франција сепак си го стори своето, Лејно беше одлична на голот, па нејзината репрезентација на одморот замина со позитива од 15-12.
Во второто полувреме, Франција го наметна своето темпо, имаше позитива од четири гола (16-20), Унгарија се закани на момент, намали на 28-29, но немаше сили за пресврт.
Заади со 10 голови беше лидер кај победникот, додека кај Унгарија најдобра беше Вамос со седум погодоци.