Теодосиќ суспендиран на две средби и ќе мора да плати 15.000 евра

249

Евролигата денеска објави дека кошаркарот на белградска Црвена звезда, Милош Теодосиќ, е суспендиран на два натпревари во Евролигата и казнет со 15.000 евра поради непочитување на член на судиската екипа.

Теодосиќ влезе во конфликт со судијата на натпреварот против Анадолу Ефес (55:100).

Откако Теодосиќ беше исклучен, тој долго се расправаше со судиите, а потоа и со тренерите на српскиот тим. Неколку соиграчи мораа да го задржат. 37-годишниот српски дефанзивец ќе ги пропушти првите два натпревари од следната сезона.

ПретходноНаполи замената за Осимен ја најде во француската Лига 1
СледноЛШ: Кимих го однесе Баерн (М) во полуфинале, продолженија на „Етихад“ (ВИДЕО)