Вториот четвртфинален натпревар меѓу МЗТ Скопје УБ и Ангели во рамките на Втората лига донесе интересен финиш. Гостите дојдоа до победа од 66-63 во самиот финиш, а главен виновник за тоа беше Ангел Стојанов. Кошаркарот на Ангели не дозволи продолжение од неверојатна позиција погоди тројка и однесе својот тим во полуфиналето на плеј-офот.
Ангели за противник во полуфиналето ќе го има најдобриот состав, екипата на МКК Куманово која нема пораз.