Македонската тенисерка Лина Ѓорческа остана без пласман во финалето на ИТФ фјучрсот W75 Копер што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа заедно со Романката Кристина Андреа Миту го загубија полуфиналето во двојки од словенечко-чешката комбинација Веронија Ерјавец и Доминика Салкова со 2-1 во сетови.
Првиот сет го добија Ерјавец и Салкова со 6:2 во гемови, а голема борба се водеше во вториот сет. Ѓорческа и Миту поведоа со 4:1, но противничките изедначија на 4:4, а потоа сетот се решаваше во тај брејк. Ерјавец и Салкова поведоа со 4:2 на поени, а потоа Ѓорческа и Миту со серија од пет поeни изедначија на 1:1 во сетови.
Во решавачкиот сет што се играше на поени изедначено беше до 4:4, а потоа Ерјавец и Салкова освоија три поени и дојдоа до предност која ја реализираа добивајќи го сетот со 10:7 на поени.