Без конкуренција – Верстапен со четвртата победа сезонава!

126

Макс Верстапен ја оствари својата четврта победа во првите пет старта на сезоната во Формула 1, откако триумфираше на Големата награда на Кина во неговото долгоочекувано враќање во шампионатот по петгодишно отсуство.

Трката во Шангај беше доста динамична и вклучуваше два излеза за безбедносното возило. Дојдоа во средната фаза од дистанцата, што малку ги збуни пресметките на стратезите.

Холанѓанецот во Ред Бул доминантно стигна и до победата во главната трка пред возачот на Мекларен, Ландо Норис, додека подиумот го надополни вториот возач на австрискиот тим, Серхио Перез.

Во топ 10 се најдоа уште Шарл Леклер, Карлос Сајнц, Џорџ Расел, Фернандо Алонсо, Оскар Пјастри, Луис Хамилтон и Нико Хулкенберг.

Формула 1 се сели на улиците во Мајами, трката е закажана за петти мај.

ПретходноПМФЛ: Шампионот на гости во Ѓорче и нема право на кикс, Тиквеш против Шкендија, Силекс го дочекува Шкупи
СледноИзненадување: Шпанец ќе го предводи Милан?